Владата денес во 12:00 часот ќе одржи седница

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи редовната 51-ва седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
На оваа седница ќе се разгледаат препораките од 27-от состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19.
На предлог на Министерството за одбрана на денешната седница ќе биде разгледана Информацијата за степенот на реализација на втората етапа на вториот Национален акциски план за имплементација на Резолуцијата 1325 „Жени, мир и безбедност" на Советот за безбедност на Обединетите нации (2020-2025) - стратегиска рамка.
Пред министрите, според дневниот ред ќе се најде и Предлог - програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино.
На денешната редовна седница, ќе биде разгледана и Информацијата за потребата од изготвување нова Стратегија на Република Македонија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот, со Акционен план за нејзино спроведување.
За донесените одлуки и заклучоци од седницата, која ќе се одржи преку видеоконференциска интернет врска и која ќе започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.
Ново на Сител
-

Клиперси го разменија Харден со Кливленд
-

Најмалку 35 загинати, речиси 400 повредени во снежни бури во Јапонија
-

13-годишно момче херој во Австралија: Пливал 4 часа за да го спаси своето семејство
-

ДЗС: Отстранети шест артилериски гранати од Првата светска војна во Гевгелиско
-

Најстудено во Берово, Попова Шапка и Маврови Анови
-

Во бродска несреќа, во близина на грчкиот островот Хиос, загинаа 14 мигранти
-

Без вода делови од Центар и Чаир
-

Поведена истрага против Манделсон поради наводно оддавање информации на Епстин
