Нетанјаху: Израел е првата земја која заврши со пандемијата
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за „Фокс њуз“ изјави дека Израел е првата земја во светот што излезе од пандемијата на коронавирусот, благодарение на брзата и ефикасна кампања за имунизација на населението.
Нетанјаху кажа дека со „зелениот пасош“ веќе ќе може да се оди во ресторани, театри и на спортски настани, проценувајќи дека еврејската држава во голема мера заврши со пандемијата.
-Израел беше познат, но и сега е познат, како стартап нација. Од денеска земјата ќе биде позната и како земја на вакцинацијата. Ние му даваме пример на светот, ние сме многу горди на тоа, кажа израелскиот премиер, истакнувајќи дека, сепак, не смета дека се е готово и дека маските ќе се носат уште некое време.
Израелските медиуми наведуваат дека здравствените власти во земјата не го делат целосно убедувањето на Нетанјаху, бидејќи предупредуваат дека новите видови на коронавирус можат да ги нарушат плановите за брзо враќање во нормалниот живот.
Првата доза на вакцината на „Фајзер“/„БиоНТек“ ја примија повеќе од половината од вкупното население од 9,3 милиони жители, а речиси 40 проценти од нив ја примија и втората доза, повеќе отколку во која било друга земја во светот.
Нетанјаху најави дека до 5 април економијата во земјата во целост ќе се врати на вистинскиот колосек.
Тој, меѓудругото, кажа дека се надева дека успешната вакцинација ќе придонесе и за негова победа на општите избори закажани за 23 мај.
Ново на Сител
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје