ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозно е што Заев мислеше дека тепач на жени како Фрчковски може да биде амбасадор во САД
Уште еден пораз на земјава донесен од Заев. Љубомир Фрчковски не може да биде амбасадор на земјава во САД особено што има портфолио на тепач на жени и е лустриран соработник на државните служби. На ранг на дипломатски скандал е што владата мислеше дека домат дипломатијата на Заев - Димитров може да направи пробив со скандал мајстор како Љубомир Фрчковски.
Уште поскандалозно е што Заев останува во потрага по нова функција на Фрчковски кој очигледно не е подобен за амбасадор. Освен Заев што се брука во земјава се брука и надвор од државата.
Заев е магнет за неспособни кадри. Љубомир Фрчковски беше министер за внатрешни работи кога се случи нерасветлен атентат на претседателот Киро Глигоров и кога на големо се случуваше шверц на цигари и нафта. Со неговото име се врзуваат сите скандали од транзицијата од чие време потекнува и кариерата на аболираниот криминалец Зоран Заев. Со ова се покажува несериозниот однос на земјава кон најсериозните дипломатски прашања.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари
-
Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот