Ковид возраста да биде фактор за добивање вакцина - Како да се пресмета?
Биолошката возраст не треба да биде пресудна при кроењето на листите за тоа кој кога ќе се вакцинира. Експерите по медицина на трудот, на барање на работодавачите велат дека алатката за пресметување на ковид возраста може да биде многу корисна при утврдувањето на приoритети за вакцнирање во работните организации.
На пример, Милена и Милева се колешки во фабрика. Првата има 46 години, нема никакви бoлести и нема вишок килограми. Милева е пет години помлада, но има висoк притисок, дијабет и вишок килограми. Пресметката покажува дека помладата Милева е всушност 30 години постара од својата колешка и проценката е дека таа доколку се зарази може да заврши во болница.
Според професор Стикова, ваквите пресметки можат да се користат не само во компаниите туку секаде заради тоа што вакцини, и кога ќе стигнат, ќе нема доволно.
Според планот за вакцинација на МЗ, приоритетни за имунизација се медицинските лица, во следна фаза, кога вакцини ќе стигнат, се возрасните над 65 години.
-

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар
