ВМРО-ДПМНЕ: За вакцини „ќе има наскоро“, а ги нема, Филипче и Заев треба да одговараат
И додека Венко Филипче и Зоран Заев велат дека ако е вратен авансот за кинеските вакцини, бројката на заразени се зголемува.
Филипче и Заев уште велат ако е вратен авансот, сепак вакцините ќе стигнат наскоро.
Дека наскоро ќе стигнат вакцините граѓаните слушаат секој ден.
Но, што значи тоа наскоро? Ништо!
Во ситуацијата во Македонија едно е јасно, вакцини нема!
Ама затоа ако споредиме со Србија истата има до сега два милиони вакцини, или 1,5 милиони кинески, 200 илјади руски, 150 илјади од Фајзер, 150 илјади од Астра Зенека.
Или ако Србија има седум милиони жители, а има 2 милиони вакцини, двомилионска Македонија по таа логика до сега ќе требаше да има набавено околу 600 илјади вакцини. Се разбира ако Филипче и Заев беа способни.
Филипче и Заев не само што покажаа, туку и докажаа дека не се способни, дека не се заинтересирани.
Филипче и Заев тераа одмор минатата година во август додека сите преговараа и договараа вакцини за годинава.
За вакцини „ќе има наскоро“, а ги нема, иако сите земји вакцинираат од декември минатата година, одговорност мора да има.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време