СДСМ: Патот на правдата е чист, Мицкоски, потрчкото на Мијалков и Груевски, не успеа да ги одбрани криминалите во своите редови
СДСМ гради силна правна држава, во која редот, правдата и дисциплината на сите нивоа се приоритет.
Пропаднаа сите обиди на губитникот Христијан Мицкоски да го одбрани криминалот и да ја спречи правдата. Случајот со Мијалков е последниот пораз на Мицкоски.
Се што прави Мицкоски е да го заштити Груевски, да ги заштити Мијалков, Камчев, Милошоски, Димовски, Јанушев и сите останати сегашни и поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ, против кои се водат процеси пред надлежните судови.
Сите блокади, кочници, деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ се обиди да се спасат криминалците во нивните редови. Токму затоа Мицкоски беше против носење на Законот за Јавно обвинителство со што предметите на СЈО добиваат судска разрешница, токму затоа Мицкоски застана во одбрана на осудените за 27 април.
Не успеа Мицкоски да ги одбрани криминалите на луѓето што го поставија за шеф на ВМРО-ДПМНЕ и останува осамен на браникот на криминалот.
Патот на правдата е чист и се почесто ќе бидеме сведоци на спроведена правда и на силен одговор од институциите за сите кои се ставаат над Законот.
Ред, правда и дисциплина има и ќе има, а секој што се огрешил пред законот ќе се одговара.
Ново на Сител
-

Мета деактивирала над 540.000 профили поради забраната за социјални мрежи во Австралија
-

Информација од ЦУК за состојбата по обилните врнежи
-

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување
-

Славески: Инфлацијата е стабилна, декемврискиот раст е резултат на авионскиот превоз
-

Најстудено на Попова Шапка -16, во Маврово -14, во Крушево -13 степени
-

На седница на Собранието измени на Кривичниот, законите за полиција, за внатрешни работи,...
-

Земјотрес со епицентар во Грција почувствуван во Прилеп и околината
-

Одбележување 18 години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце
