-->
-->
Македонските тенисери поразени од Норвешка, загубена шансата за место во втората зона
-->

Македонската тениска репрезентација претрпе порази во синг мечевите против Норвешка, со што ги загуби шансите да се бори за пласман во втората европска зона во Дејвис купот.
Во првиот меч од „Ц’’ групата во третата европска зона, Димитар Грабул беше непријатно изненаден од 16-годишниот Каспер Руд, кој се уште е без АТП ранкинг. Иако, Грабул убедливо го доби првиот сет со 6:1, сепак во следните два беше далеко под очекувањата, па младиот Норвежанец ги доби со 6:2 и 6:1, за конечни 2:1 во сетови и водство на Норвешка од 1-0 во победи.
Првиот македонски рекет, Томислав Јотовски, кој за противник го имаше 18-годишниот Виктор Дурасовиќ, кој има подобар ранкинг од него, загуби во три сета со 2:1.
Јотовски го доби првиот сет со 6:4, а вториот му припадна на Дурасовиќ со 6:3. Во решавачкиот трет донесе голема неизвесност, а дури по тај-брејкот победа славеше Дурасовиќ, за недостижна предност на Норвешка од 2:0 во пореди.
По оваа негатива, мечот во двојки меѓу, Грабул и Јотовски против Бјерке и Стеиро, е без резултатско значење за нашата селекција која останува во третата европска зона на Дејвис купот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово
-

Ангелов: Пожарот кај Макази најверојатно е подметнат, може да се прошири кон НП Пелистер
-

Андреј Смилевски со убедливи 3:0 избори финале на Светскиот куп во Будимпешта
-

Пепи Велков обезбеди финале, утре ќе се бори за злато против Украинецот Кобзиев
-

Уапсен 27-годишен тетовец, на жена и украл ташна со лични предмети на бензинска
-

Два гола на Халанд во триумфот на Сити над Кристал Палас
-

Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни
-

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии
