ВМРО-ДПМНЕ против предлог законот за нов Клинички центар
Во Собранието влезе контроверзен предлог закон за проект на нов клинички центар истиот по проценките на Заев и Филипче би чинел од 500 до 700 илјади милиони евра. Ако почнат кој знае до каде ќе стигнат до милијарда? А кој знае колку ли ќе украдат?
Клептоманите Заев и Филипче направија скандал од 4000 вакцини, колку ли ќе украдат од новиот клинички центар од пола милијарда евра?
Владата сега во овој период кога се зголемува бројката на заразени, се поприсутен е британскиит сој, наместо анализа за што и како понатаму, прави план или е во криминален поход за реализација наводно на нов клинички центар.
Ова е само популизам пред избори. Ова не е закон, ова е план за кражба за кој сакаат легитимитет од Собранието.
На сите им е јасно дека не направија ништо од 2017 година, освен што сопреа еден готов проект од владата на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ не поддржува вакви активности, не поддржува криминал, лажење на народот!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Путин верува дека САД вложува „искрени напори“ за прекин на војната во Украина
-
Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година
-
Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“
-
Во Црна Гора и натаму активни повеќе пожари, но без нови жаришта
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот
-
На пешачки премин удрено 9-годишно девојче
-
Во домот на 16-годишник пронајдени марихуана, кокаин, пиштол и куршуми