Џенифер Лоренс им се „сипа“ на преслабите колешки
Актерката Џенифер Лоренс, која во светот на шоубизнисот е позната по нејзиниот остар јазик, нагласува дека многу си ја сака својата работа, но во исто време не го премочува она што и „оди на нерви“.
Дваесет и петгодишната оскаровка сега се осврна на половата дискриминација која владее во филмската индустрија, но и постојаната холивудска опсесија со килограмите.
- Многу ми пречи тоа што во центарот на вниманието во филмскиот свет секогаш е важна тежината на актерката. Актерката не мора да биде слаба за да биде атрактивна. Тоа испраќа погрешна порака до младите жени. Важно е, актерка да се покаже во најдобро светло со нејзиниот талент, а не со физичкиот изглед, изјави Лоренс во едно од последните интервјуа пред божиќните и новогодишните празниви.
Иако ова година стана најдобро платена актерка во светот, Џенифер се осврна и на нерамноправност во хонораите меѓу машките и женските холивудски ѕвезди.
- Многу сум свесна дека филмските ѕвезди заработуваат премногу во однос на другите во светот. Но, во прашање е принцип. Не поднесувам неправда. Нема тоа никаква врска со благодарност - ја сакам својата работа и благодарна сум што можам да живеам од неа, истакна Џенифер.
Ново на Сител
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје
-
Стејт Департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија
-
За влез во Грција се чека по 1 час