Бизнис
17. February 2021 - 16:34

Поделени ставови за новиот пакет помош

Брзата реализација на мерките е клучот за заздравување на економијата, велат експерите. Квалитетот на мерките не зависи само од тоа како се дизајнирани, туку и дали институциите се ефикасни при реализацијата. Овој пакет е најмал досега, што значи дека притисокот врз буџетот е се поголем и затоа треба брзо да се спроведат, а единствената мерка во иднина да биде имунизацијата.

Мерките имаат и развоен и социјален сегмент. Фондот за поддршка на извозниците, грантовите за технилошки развој, кредитните гаранации за мали и средни претпријатија како и мерките се дигитализација се во правец на заздравување и раст. Од друга страна поддршката за плати, земјоделските мерки и отпишувањето долгови се социјални. Србиноски смета дека Владата треба особено да биде внимателна со помошта за тутунарите и лозарите, но и со бришењето на каматите.

За опозицијата овој сет е само замајување на јавноста. Имаат предлози за подобрување на клучната мерка.

За власт, ова е доказ дека грижата за граѓаните и фирмите продлжува.

Петтиот сет на мерки чини 160 милиони евра и е последен во кој е предвидена директна финансиска поддршка.