Притвор за разбојништво во казино во Богданци
Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице од село Стојаково, општина Богданци за кривично дело – Разбојништво.
Како што соопшти Јавното обвинителство, на 28 јануари осомничениот маскиран со црна фантомка на лицето и со црни ракавици на рацете, носејќи ранец на грбот, влегол во казино во Богданци. Вперувајќи пиштол, се заканил дека ќе нападне врз животот и телото на една вработена – касиер во казиното. Осомничениот ѝ кажал на оштетената да ја отвори касата и да ги извади парите, па одзел 134.200 денари.
-Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе ги уништи трагите од кривичното дело или дека ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот на обвинителот и со решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-
Фити: За цените на прехранбените производи да се делува со индиректни мерки, конфликтот меѓу Иран и Израел ќе има импликации ако продолжи
-
Уапсен 32-годишен штипјанец, возел со 3,16 промили алкохол во крвта
-
Бранителот на Велибор Манев бара ослободителна пресуда за убиствата, а осудителна за грабнувањата на Вања и Панче
-
Цените на нафтата близу петмесечниот максимум поради тензиите на Блискиот Исток
-
Претседателот на Собранието Гаши во Азербејџан се сретна со министрите за енергетика и за надворешни работи
-
Шварценегер: Имигрантите во САД се гости
-
Приведен тетовец, возел со брзина од 156 км на час на место каде дозволената брзина е 80
-
„ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво