Македонија
17. February 2021 - 12:29

Битолскиот пазар на минус 22 степени

И утрово, како и вчера, Битола беше најстуден град со измерени минус 22 степени. На овие ниски температури, на пазарот во Битола излегуваат само најхрабрите продавачи, додека купувачи речиси и да нема. Наоблечени со ракавици, капа, шал и топол чај, му се спротивставуваат на студот. Но, наместо во 7 и пол, доаѓаат подоцна, околу 9:30 часот. 72-годишниот Трајан Ѓоков 40 години продава чај во битолскиот пазар, а студеното време не го поколеба да ја отвори тезгата.

-Тешко е многу, тешко, пазарите се слаби, нема движење, нема проток на луѓе, вели Ѓоков.

Потрошувачката е слаба, затоа што велат дека ретко кој излегува на студеното време да пазари.  

-Студено е многу, нема купувачи, слабо, робата стои, вели една од сопствениците на тезги.

Купувачите пак често прашувале дали производите им се замрзнати.

-Многумина ме прашуваат, дали е замрзнато, но не мрзни јужното овошје, вели еден од сопствениците на тезги.

Во Битола имало и поголеми студови, но на пазарот секогаш имало отворени тезги.