СДСМ: Милошоски не е достоен да ја извршува функцијата пратеник, неговата кариера во политиката е завршена
Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски треба да замине од функцијата, бидејќи според последните докази за скандалот „Кражба” е осуден и казнет за криминални дела - кражба и фалсификување, во времето кога студирал и живеел во Германија.
Против него се водат процеси и пред домашните судови и тоа за основано сомневање за криминал со имот, користење на лустрацијата за уништување луѓе заради лична одмазда.
Блискиот соработник на Христијан Мицкоски, а претходно и на Никола Груевски е срам за Собранието, срам за македонската демократија и штетен за угледот на државата.
Милошоски е најмалку повикан да зборува за било што во државава освен за неговите кривични дела и судски процеси што се водат против него.
Политичката кариера на Милошоски е завршена, неговото место не е во Собранието, ниту во белиот дворец, туку пред надлежните судови каде треба да чека разрешница на предметите што се водат против него.
Со сите дела зад себе, со сите отворени предмети, со сите искажани лажни вести, Милошоски не е достоен да ја извршува функцијата пратеник, туку треба да си поднесе оставка и да им се извини на граѓаните.
Ново на Сител
-

Германија нема наскоро да се приклучи на мировните сили во Газа, вели министерот за надворешни работи
-

Минусни температури утрово на Попова Шапка, во Маврови Анови и Крушево
-

Трамп: Многу „гадови“ во САД го сакаа Епстин, а сега лажно тврдат дека не го познаваат
-

Без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во Карпош
-

Петрова и Клековски ќе ги презентираат резултатите од контролите кај приватни гинеколошки ординации со договор со ФЗО
-

Мицкоски и Тошковски на промоција на нови возила на македонската полиција
-

Папа Лав Шеснаесетти: Доста беше војна во Украина, сега Москва и Киев нека разговараат
-

Русија: Ракетата „Сојуз“ лансираше сателит во орбитата
