Бизнис
15. February 2021 - 16:51

Тутунарите се договорија со министерот

Нема да  остане неоткупен тутун. Кризата со вишокот ќе биде решена со законски измени со кои се пролонгира рокот за откуп на тутунот, ова е договорот меѓу министерот за земјодлество по денешниот состанок со тутунартите и откупувачите 

Тутунарите апелираат откупувачите да не чекаат до март за да го откупат тутунот, туку да го забрзаат процесот. 

Паралелно со власта, и опозицијата ќе предложи слични измени во законот за тутун, со кои ќе се бара пролнгирање на рокот за откуп. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека состојбата а тутунарите годинава е катастрофална.

Владата за тутураите ќе одвои и 5 милиони евра. Овие пари се дирекна анти ковид мерка затоа што годинава просечната цена на тутунот е пониска од лани.

Парите се предвидени со петтиот пакет мерки кој според најавата на премиерот, Владата ќе го усвои утре.