Станишев: Софија мора да стави до знаење дека сегашната Влада во Македонија искрено сака да бидат надминати недоразбирањата

Лидерот на Партијата на европските социјалисти и поранешен премиер на Бугарија, Сергеј Станишев во изјава за софиското радио Nova News рече дека ако имало проблем со Македонија, Бугарија требала да реагира, а не да чека две години до последниот момент, јави дописникот на МИА од Софија.
– Потребни се две земји за подобрување на односите, рече Станишев.
Според него, премиерот Зоран Заев имал волја да отвори нова страница во билатералните односи со потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство и за тоа имал политички напади.
– Две години бугарската Влада не кажа ништо во врска со кршењето на Договорот за добрососедство и пријателство од страна на нашиот сосед. Никола Груевски 10 години го избегнувал потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство. Бугарија не е разбрана. Софија треба јасно да стави до знаење дека сегашната Влада на нашиот југозападен сосед искрено сака да бидат надминати недоразбирањата и да отвори нова страница, но Бугарија не го прави тоа умешно, рече Станишев.
Тој посочи дека бугарскиот претседател Румен Радев изразува желба за промена и Бугарската социјалистичка партија треба да го искористи ова.
– Партијата мора да ги поддржи Румен Радев и Илијана Јотова за претседателските избори, категоричен беше лидерот на Партијата на европските социјалисти.
Тој смета дека пристапот на ЕУ кон вакцините бил искрен, а заедничкото договарање е правилно како потег.
– Санкциите не доведоа до ништо добро кон Русија, нема резултати, јас отсекогаш сум бил приврзаник на дијалог, а не на санкции, рече Станишев за случајот со Алексеј Навални и можноста за нови санкции.
Според него, има потреба за дијалог меѓу Русија и САД. – Претседателот Бајден рече дека Соединетите држави сакаат да излезат од самоизолација, додаде Станишев.
Ново на Сител
-

Светско првенство во киксбокс: Бабовски победи, Смилевски загуби, Илковски се повреди
-

Трамп најави крај на војните во Иран и Украина и почеток на ерата на супер-интелигенцијата
-

82-годишник почина по тепачка со 76-годишник за лежалка на плажа во Грција
-

Пациент тврди дека бил претепан од болничар, од установата пријавиле дека паднал од кревет
-

69-годишна жена од валандовско изгоре во пожар во сопствената куќа
-

Холанѓанец и Шпанец нападнале арачиновец во Аеродром
-

Мицкоски во Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки
-

Заминал на работа и исчезнал, неколку часа подоцна пронајден мртов на стадион со моторна пила до него
