Заев: Примопредавањето на вакцините огромна солидарност и искрен чин на пријателство

Премиерот Зоран Заев примопредавањето на вакцините го оцени како чин на огромна солидарност, пријателство и прва помош од братскиот српски народ кон македонскиот народ и искрен чин на пријателство.
-Иницијативата е на претседателот Вучиќ со кој редовно имаме комуникација и сакам да му се заблагодарам и на него и на премиерката Брнабиќ и на сите луѓе кои работеа сите овие денови. Веројатно првпат се случува да се добие една ваква согласност од „Фајзер“ која веројатно ќе значи многу помош насекаде во светот преку вакви акти на солидарност, рече Заев.
Ова, додаде, е првата пратка, а овие денови ќе стигнат и останатите вакцини.
-Многу е важно што првите вакцини во нашата земја стигнаа токму од братска и пријателска Србија и што ќе ги покријат сите здравствени работници – лекари, медицински сестри и сите што работа во ковид центрите ширум земјава, потенцира премиерот.
Нагласи дека границите со Србија се отворени поради иницијативата што постои во Западен Балкан за зголемување и унапредување на регионалната соработка што некои ја викаат „мини шенген“.
-Како и да ја викаат тоа е израз на пријателство и соработка. На 24 февруари со претседателот Вучиќ и премиерот Еди Рама ќе потпишеме договори и меморадуми во повеќе области за меѓусебно помагање. Нашата соработка расте, а тоа треба да го знаат и македонскиот и српскиот народ затоа што работиме за да биде подобро за двата народи, истакна Заев.
Ново на Сител
-

Уапсен 28-годишен кумановец баран за издржување затворска казна од 3 години
-

До петок облачно со повремен дожд, а на планините снег
-

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев сакале да ја преземат болницата „Жан Митрев“
-

Кошта: ЕУ и Индија отвораат ново поглавје во трговијата, безбедноста и врските меѓу луѓето (ДПЛ)
-

Мисајловски: Годинава пристигнуваат сите 42 борбени возила „Страјкер“ за Армијата набавени од САД
-

Невремето затвори 242 училишта во Северна Ирска, главните патишта блокирани
-

Уапсен возач од кратовско, возел со 3,19 промили алкохол во организмот и излетал од патот
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, се чека на евентуални пријави по пошта
