Охрид со Стратегија за развој на туризмот 2020-2025

Општина Охрид изготви нова Стратегија за развој на туризмот за периодот од 2020 до 2025 година. Станува збор за стратешки документ во рамки на општинската Програма за развој на туризмот, а изработена од страна на стручни научни работници од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.
Новата Стратегија за развој на туризмот е изработена врз база на темелни анализи на постоечката состојба и ја дефинира долгорочната визија, стратешкиот правец, целите и приоритетните проекти за идниот развој на туризмот. Документот е во согласност со основните принципи на УНЕСКО за заштитени подрачја, со националното законодавство за управување со заштитени подрачја, како и со други погранични и регионални стратегии и планови за управување со природни ресурси.
Во документот се посочува дека развојот на Охрид како привлечна туристичка дестинација се темели на долгата традиција, посветеноста на менаџментските структури во управувањето со општината, засегнатите субјекти во дејноста и условите што подразбираат поврзаност на атрактивната и рецептивната развојна основа.
-Одржливиот развој на туризмот во оваа туристичка дестинација има посебно значење затоа што ресурсите за развој се со изразита димензија, се посочува во Стратегијата за развој на туризмот во Охрид.
Според документот, одржливиот туристички развој треба да се прифати како дејност во која вреди да се инвестира, да се прецизираат придобивките од неговиот развој, да се подобри интересот на домашната и меѓународната јавност и да биде фундамент врз кој ќе се донесуваат други акти, планови и програми.
-Стратегијата треба да придонесе за подобрување на квалитетот на живеење, подигање на нивото на задоволство од престојот на посетителите, перманентно унапредување на квалитетот на услугите, освојување на нови вредности, подобрување на промотивните активности и ширење на доменот на насоченост на туристичката понуда, пишува меѓудругото во апстрактот на драфт верзијата од новата Стратегијата за развој на туризмот, стои во Стратегијата.
Во наредниот период траба да биде спроведена процедура за Оцена на влијанието врз животната средина на овој плански документ, по што ќе биде објавена целосната и финална верзија на стратегијата, соопшти Општина Охрид.
Ново на Сител
-

Десетици делегати демонстративно ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН на почетокот на говорот на Нетанјаху
-

Николоски: Од март следната година нова авиолинија Дубаи-Скопје, преговараме и за поврзување на Охрид со еден од аеродромите во ОАЕ
-

Две финалиња за Македонија: Андонов и Николов ќе се борат за злато на Светското во кикбокс
-

Ристески: Со намалувањето на ДДВ за горивата граѓаните заштедуваат до 350 илјади евра дневно
-

Дознале дека три од четирите деца постепено ќе го губат видот, па ги однеле на пат околу светот за да создадат спомени
-

Ѓаволот призна вина - осуден на условна казна од две години
-

Заклучен Избирачкиот список за изборите за градоначалник во Брвеница
-

На 29 октомври граѓаните ќе добијат електронска лична карта и возачка дозвола преку апликацијата „м.Услуги“
