Бизнис
12. February 2021 - 21:17

Автомобилскиот пазар во ЕУ во јануари бележи пад од 20%

Фабриките во зоните засега работат добро, а и изгледите остануваат позитивни. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не очекува дека кризата што го зафати автомобилскиот пазар во ЕУ ќе се прелее во земјава и ќе влијае на работата на фабриките во зоните. Овие фабрики главно произведуваат компоненти за европската автомобилска индустрија. А таа според бројките за јануари влегува во сериозна криза, падот изнесува над 20%.

Битиќи вели дека во автомобилскиот сектор во земјата се вработени многу мал број работници, а Владата креира мерки за поддршка на сите сектори.

Фабриките во зоните лани се покажаа најотпорни на кризата. Го зголемија и бројот на вработени, но познавачите велат дека позитивниот тренд сега ќе сопре заради затворените пазари во западна Европа.