Куќен притвор за жител на Арачиново осомничен за недозволено поседување дрога и муниција
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 21-годишен жител на Арачиново за кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, а судија на претходна постапка му определи мерка куќен притвор.
Како што информираат од ОЈО, при претрес во семејната викенд куќа, во атарот на селото Арачиново, на 9 февруари годинава, било утврдено дека осомничениот неовластено за продажба држел наркотична дрога марихуана спакувана во четири полиетиленски паковки со вкупна нето маса од 281,12 грама и хашиш во вкупна нето маса од 80,75 грама. Притоа била пронајдена и смеса со маса од околу 1,5 килограми, за која со дополнително вештачење било утврдено дека не претставува наркотична дрога, туку е мешавина од кофеин и парацетамол која се користи за зголемување на масата на наркотичната дрога наменета за продажба.
Полициските службеници кај осомничениот пронашле и муниција – осум куршуми со калибар 9 мм наменети за огнено оружје – полуавтоматски пиштол.
-Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, ценејќи дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и можност да го повтори кривичното дело. Судијата со решение на осомничениот му определи мерка куќен притвор и привремено одземање на патната исправа, соопшти ОЈО
Ново на Сител
-
Аритон Ала е нов заменик-претседател на Судски совет на РСМ
-
Контроли во угостителски објекти во Куманово, изречени десет глоби
-
Почина тригодишно дете од Кавадарци
-
ЕК: Бугарија ги исполнува условите за влез во еврозоната од 1 јануари
-
Димитриеска-Кочоска: Проблемот околу инфлацијата е комплексен, работиме во континуитет и треба време да се среди
-
Во тек се преговорите со министерствата за ребалансот на буџетот, кој во Собрание треба да се најде најдоцна до 25 јуни
-
Вицепремиерот Стоилковиќ и турскиот амбасадор Улусој ги посетија подрачните училишта во Бучим и Тополница
-
Одложувањето на гласањето на предлог-извештајот во АФЕТ голема победа на македонската дипломатија, порачаа амбасадорите Боцевски и Јолевски