Мицкоски: Битно е владата на Заев да падне, а потоа да одговара за се што стори овие четири години
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на скопскиот Зелен пазар кој што се наоѓа во центарот на градот, порача дека многу е важно оваа Влада предводена од Зоран Заев да падне и да си замине, за потоа да следи одговорност на сето тоа што е направено во изминативе четири години.
Мицкоски ова го порача одговарајќи на новинарски прашања, каде што беше прашан за тоа дали има нови движења за формирање на ново мнозинство во Собрание, за што тој побара трпение и дека набрзо ќе се дознае тоа, посочувајќи дека ова е сензитивно прашање и за тоа е потребна максимална дискреција за целта да биде остварена. А, крајна цел, додаде Мицкоски, оваа Влада да падне.
Барајќи трпение од новинарите и јавноста во однос на формирањето ново мнозинство во македонскиот Праламент, Мицкоски рече дека можеби има партии во владата кои што се делат од коалицијата на СДСМ.
Мицкоски истакна дека единствено што Заев направи во овие четири години власт е што ја направи Македонија најкорумпирана држава, во државата воспостави хибриден режим, драстично ја влоши климата за водење бизнис, нешто што го потврдија и меѓунаредните релевантни институции како Транспаренски Интернешнл, Економист, Херетиџ.
„Битно е оваа Влада што поскоро да падне, да замине, а потоа да следи одговорност за сето тоа кое што е сторено овие четири години. А, што е сторено, еве Транспаренси Интернешнл кажува 111-то место, убедливо најкорумпирана држава. Кажува „Економист“ хибриден режим. Кажува „Херетиџ“ паѓаме на скалата за водење бизнис и уште ред други да не ги редам, што се се случува’, рече Мицкоски, додавајќи дека правдата стана неправда, реформи нема има само уназадување.
А, за жал, истакна тој, од евроинтеграцијата единствено што остана е понижувањето, омаловажувањето и навредите што македонскиот народ, македонските граѓани го трпат од секаде.
Мицкоски додаде дека, на шест години од објавувањето на така наречените „бомби“ на Заев, единствено што може да се види е дека оние за кои тие беа наменети денес се негови верни коалициони партнери.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец