Бизнис
9. February 2021 - 12:41

Компаниите не се задоволни од владината помош

Две третини од фирмите не се задоволни од владината поддршка за време на корона кризата. Најновото истражување на Организацијата на работодавачи покажува дека од вкуно 246 фирми  61% изразиле незадоволство од видот и големината на помошта што Владата ја понуди за справување на поселдиците од корона кризата.

Затоа бараат неодложно носење на петтиот пакет мерки и при тоа прилагодување на критериумите за пристап до заемите за ликвидност, како и продолжување на кофинансирањето на инвестициските активности на фирмите.

Според истражувањето, најценета мерка е субвенцијата на плата. Вкупно 46 проценти од оние кои се изјасниле дека ќе конкурираат и за петтиот антикризен пакет, кажале дека ќе се пријават за субвенционирање на платите, 16 отсто ќе конкурираат за грантови за посебни индустрии, додека 14 отсто за одложување на плаќањето на кредитите.

Сосотојбата за истражуваниот период од октормври до декември лани е подобра споредено со април јуни. 83% од фирмите продолжиле со работа споредено со нпретходнито период кога работеле само 22% од компаниите.

Над 50 отсто од анкетираните истакнале дека главните оперативни предизвици се отсуството на вработените од работа поради болест или поради владините уредби, големиот пад на побарувачката за производите на претпријатието и задоцнетото плакање од страна на купувачите.

Она што речиси не се променило меѓу двете анкети е намалениот број работници, околу 12% од фирмите отпуштиле до 10% од вработените.