ОН: Јадењето помалку месо може да помогне да се намали ризикот од пандемија
Јадењето помалку месо може да помогне во намалување на ризикот од пандемија, покрај заштита на животната средина, соопшти во средата Програмата за животна средина на ОН, објавувајќи го новиот извештај на Чатам Хаус (Chatham House).
„Во време кога голем дел од светот продолжува да се бори против пандемијата на Ковид-19, никогаш не било поочигледно дека благосостојбата на луѓето и животните, диви и одгледувани, е испреплетена, рече Филип Лимбери од „Сочувство во светското земјоделство“, кое исто така го поддржува овој тинк-тенк.
Доколку екосистемите продолжат да се уништуваат, снабдувањето со храна на населението ќе биде загрозено, предупредуваат тие. Потребно е поголемо свртување кон храна од растително потекло за да не ср забрза загубата на биодиверзитетот, додаваат тие.
Покрај тоа, треба да се заштити повеќе земјиште, а земјоделството треба да стане еколошко, велат тие. Природните екосистеми се повеќе се претвораат во обработливо земјиште и пасишта во последните децении, што доведува до губење на живеалиштата на животните.
– Интензивното одгледување милијарди животни на глобално ниво сериозно ја оштетува животната средина, предизвикува губење на биодиверзитетот и произведува големи емисии на гасови со ефект на стаклена градина што го забрзува глобалното затоплување, рече познатата приматолог Џејн Гудал во изјавата на УНЕП.
Ново на Сител
-

„Мета“ со нови ВИ-модели како соперници на „Опен-АИ“ и „Антропик“
-

Верстапен се искачи на второто место во историјата на Формула 1 по најмногу победи со еден тим
-

Изминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-

Обид за нов рекорд во пештерата Врело: Спелеонуркачи ќе истражуваат длабочини над 300 метри
-

Санкционирани 128 возачи, од кои 102 за брзо возење во акциска контрола во Скопје
-

Нови напади во Црното Море: Потона брод кај Бугарија, Радев најави разговор со НАТО
-

Франција: Околу 200 училишта затворени поради протестите на средношколците
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,5% за 2026 година
