Кривични и прекршочни за протестот за Монструм, најави Спасовски
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, најавува дека за протестот организиран во петокот за поддршка на обвинетите во „Монструм“ ќе има кривични и прекршочни пријави.
Најавата тој ја даде од собраниската говорница на дебата за измените во Законот за полиција, кога пратеникот Бране Петрушевски, забележа дека во изминатиот период имало селективно постапување на полицијата кога има групирања, односно на Вевчанскиот карневал имало сериозна полициска интервенција, додека на протестот немаше полициско дејствување, објави 360stepeni.mk.
„Нема ниту еден настан на кој не се делува, претпоставувам дека мислите за протестот во петокот. Секако таму има и кривични пријави, постојат и прекршочни пријави. Детално ќе информираме утре или задутре врз основа на тоа што ќе биде сработено и завршено до крај од Одделот за насилен криминал и Јавното обвинителството. Така што никаде нема состојба каде не се преземаат дејствија. Само се прави процена како и на кој начин да ја зачуваме состојбата на задоволително ниво и да не настанат поголеми штети. Меѓутоа одговорноста секако ќе има“, рече Спасовски одговарајќи на забелешките.
Ново на Сител
-

Продолжуваат протестите во Франција, се очекуваат нови блокади на училиштата
-

Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова Шапка
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
