Архитектонски бариери за лицата со телесен инвалидитет
Здружението на телесни инвалиди „Мобилност“ од Битола 20 години се бори за рушење на архитектонските, но и другите бариери за лицата со инвалидитет, за да можат исто како сите останати да ги извршуваат секојдневните обврски.
- Нашата евиденција има околу 1100 лица, пасивни се повеќето,околу 400 се активни, 80-100 многу активни. Вработени се мала бројка, 70-80, има многу пензионери на кои им е непхопдна помош, истакна Нико Јанков, Здружение „Мобилност“ Битола.
Заради нивната инклузија во општеството, важно е приспособувањето на објектите. Симона Јовеска е лице со физичка попреченост која до неодамна имаше проблеми за пристап до нејзината канцеларија во Општина Битола каде работи на проекти за социјални услуги за ранливи групи. Но, со поставувањето на пристапна патека и лифт во зградата на општината, таа вели дека овој проблем е надминат.
-Сега секој еден од нас може да дојде и да ги заврши своите обврски. Рамноправноста и инклузијата се оние кои создаваат одржливи заедници, каде сите членови целосно учествуваат во сите текови на животот. Во овие заедници секој придонесува и корист имаат сите, изјави Симона Јовеска, лице со физичка попреченост.
Покрај пристапната патека, лифтот и адаптираните тоалети во општината за лицата со отежната мобилност, Општина Битола на повеќе локации ги спушти тротоарите за полесна мобилност, а за прв пат годинава преку програмата за социјална заштита обезбеди 1.000.000 денари за поддршка на лицата со потешкотии во движењето, за адаптирање на пристапот до нивните домови.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
