Медведев: Навални користи подмолни техники за да дојде на власт

Заменикот претседател на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев го опиша лидерот на руската опозиција Алексеј Навални како политички подлец, чии обиди да дојде на власт ги оцени како несоодветни и несовесни, пренесува ТАСС.
– Претходно мислев за него на овој начин и сè уште мислам така. Верувам дека Навални е политички подлец, личност која користи несовесни, цинични тактики за да дојде на власт за да ги постигне своите цели, рече Медведев.
Тој, исто така, верува дека истрагата за здравствената состојба на Алексеј Навални и неговото труење не е клучна во одлучувањето за постапката против него затоа што тој не е болен.
– Колку што разбрав, тој неодамна рече дека е во добра здравствена состојба. Па, тој е здрав и му благодари на Бога за тоа. Затоа, се чини дека секоја идна дискусија за ова прашање е ирелевантна, рече заменикот претседател на рускиот Совет за безбедност.
На Навални му се слоши за време на авионски лет на 20 август, а два дена подоцна беше префрлен во болница во Берлин. Лаборатории во Германија, Франција и во Шведска, како и тестирањата кои ги спроведе Организацијата за збрана на хемиско оружје, утврдија дека Навални бил изложен на отровот „новичок“, развиен во некогашниот Советски Сојуз. Руските власти во неколку наврати негираа каква била вмешаност во труењето на Навални.
Ново на Сител
-

Македонија со 17 кикбоксери на Светскиот куп во Италија – над 2400 борци од 46 држави
-

Перез донесе одлука за нов тренер на „кралскиот клуб“
-

Младиот тенисер Алексовски со победничкиот пехар во Солун
-

Алушовски: Барселона во фокусот, а Вардар во мислите
-

Уапсен гевгеличанец, возел со 2,35 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода
-

Мурињо за исклучување со Порто: Не сакав да ја шутнам топката кон нивната клупа, но мојата техника не е совршена
-

Чави го обвини Лапорта за неуспешниот трансфер на Меси во Барселона во 2022 година
-

Цените на горивата кај нас, и по поскапувањето, меѓу најниските во регионот и Европа
