Кравји измет се продава како алва
Празниците се во полн ек, па Индијците се закачија на онлајн пазарот. Но постои еден необичен предмет кој „ги полни виртуелните полици“. Онлајн трговците велат дека се работи за колачи од крвји измет.
Овие плескавици кои се состојат од измет помешан со сено, се сушат на сонце а ги прават главно жени од руралните подрачја.
Всушност ова е мешавина која се користи како гориво за ложење, а долго беше достапно само во индиските села.
Но онлајн продавниците, вклучувајќи ги Амазон и Ибеј, нудат плескавици за се поголем број од урбаните жители, а некои од трговците дури нудат и попусти за поголеми количества.
"Колачите од кравјиот измет се во понудата на повеќе продавници на нашата платформа од октомври и веќе доивме неколку порачки, вели портпаролката на индскиот Амазон, Мадхави Кочар.
Порачките главно доаѓаат од градовите во кои тешко се доаѓа до гориво. Инаку колачите од кравји измет со години се користат за огрев, готвење или Хинду ритуали.
Инаку, овие колачи се продаваат во пакети кои содржат од два до 8 парчиња со тежина од 200 грама. Цените се движат од 1,5 до 6 долари по пакет. Овие колачи се користат како органско ѓубрицо, а некои продавачи го рекламираат за користење во градините.
Ново на Сител
-
Араухо ја известил Барселона дека сака да си замине
-
Милановиќ убедлив победник во вториот круг претседателски избори во Хрватска
-
Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар