Бизнис
28. December 2015 - 16:48

Завршена новата водоводна мрежа во Драчево

Завршена новата водоводна мрежа во Драчево. Со ова се реализираше едно од барањата на граѓаните, при посетата на премиерот Груевски . На изведбата се работеше во три фази. Се изведуваат последните приклучоци од мрежата до водомерните шахти на локалното население.

- Во првата фаза беа изведени 464 метри, во втората фаза 361 метри и во последната фаза беа изведени 320 метри. Водоводната мрежа е со профил на цевки од 110 и 90 милиметри, рече директор на ЈП „Водовод и канализација“ Александар Атанасов.

Атанасов информираше дека на барање на жителите  третата фаза ќе биде продолжена за околу 200 метри,  и ќе изнесува 520 метри.

Со новиот водовод ќе се реши проблемот со водоснабдувањето на околу 620 жители кои поради дотраениот стар водовод , имале слаб притисок  и недоволна  количина на вода.

Водоводната мрежа е во должина од 1345 метри , а за неа се инвестирани 21 милион денари.