Спомен плоча на столбовите од некогашната синагога „Кахал Португал“ во Битола

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески и амбасадорот на државата Израел во Република Македонија, Дан Оријан ќе откријат спомен плоча на столбовите од некогашната синагога „Кахал Португал“ во овој град.
Од општина Битола денеска информираа дека со оваа активност локалната самоуправа дава директен придонес во одбележувањето на 20.годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Израел.
- В недела во градскиот парк во Битола, градоначалникот Талески и амбасадорот Оријан ќе откријат спомен плоча и ќе засадат дрво на пријателство и мирот. Посебни гости на настанот ќе бидат членовите на Националниот театар „Хабима“ и театар „Камери“ од Тел Авив кои во Битола ќе ја изведат заедничката копродукциска претстава „Нашиот клас“, како и новинари и публицисти од САД и Израел кои викендов ќе престојуваат во нашиот град, информираа од секторот за односи со јавност на општина Битола.
Претставата „Нашиот клас“ од Тадеус Слободјанек, освен во Битола ќе биде изведена во Охрид и Скопје, а потоа и на неколку театарски сцени во Албанија, Црна Гора и Србија. Тоа е проект поддржан од министерствата за култура и надворешни работи на државите од Балканот и Израел, потврдија од општина Битола, организатор на летниот фестивал „БитФест“.
Ново на Сител
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
-

Истрели од огнено оружје во Арачиново, повредени две лица
-

Поставена и осветена биста на Кирил Пејчиновиќ во дворот на црквата Свети Димитриј во Теарце
-

Се доизгаснува големиот пожар кај Струмица
-

Приведен 30 годишен кумановец, допирал 18 годишна девојка по телото, по што побегнал со мотоцикл
