-->
-->
Обрван: Жалам за потегот на Дупјачанец и Велковски
-->

Ракометната репрезентација на Македонија денеска со утрионскиот тренинг ги продолжи подготовките за Европското првенство во Полска. Од денеска со репрезентацијата е и селекторот Ивица Обрван, како и капитенот Кирил Лазаров и голманот Борко Ристовски. За попладне се очекува приклучување и на Филип Миркуловски, а утре е најавено доаѓање на Ацо Јоновски. Поради приватни обврски претпладневниот тренинг го „прескокна“ Наумче Мојсовски.
- Сега во комплетен состав ќе продолжиме да работиме, како што се работеше и изминативе четири дена. Ритамот ќе биде ист на физички и тактички план со тоа што на попладневните тренинзи ќе се работи и на воигрување напад и одбрана. Можам да кажам дека жалам за гестот на Даниел Дупјачанец и Мартин Велковски, но јас ја подржувам одлуката на мојот помошник Данило Брестовац да бидат „одалечени“ од репрезентацијата. Станува збор за искусен голман и еден млад играч. Барем засега нема да има друго „кратење“ на спискот, а најверојатно со оваа бројка ќе работиме до Нова година, кога играчите ќе имаат слободни денови. На шампионатот во Полска ќе патуваат 16 ракометари, а потенцијалните резерви ќе останат во Скопје и ако има потреба ќе бидат повикани, изјави Обрван за време на денешниот тренинг.
За ривалите во групата Обрван истакна: Сите знаете дека сме во тешка група (Франција, Полска и Србија), но на секој натпревар ќе даваме максимум за да оствариме позитивен резултат и да се пласираме во вториот круг.
Репрезентацијата ќе тренира до 30.декември, а потоа ќе следуваат два дена пауза и новиот собир ќе биде на 2.јануари. Следниот ден се патува за Словенија, каде на 4 и на 5.јануари се играат два натпревара. Враќањето е планирано на 6.јануари и ќе има два слободни дена. Новиот собир ќе биде на 8.јануари, а два натпревара Македонија како домаќин на 10 и 11.јануари ќе одигра со Црна Гора.
За Краков, Полска планирано е да се патува на 13.јануари, а првиот натпревар на шампионатот Македонија го игра на 15.јануари против Франција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пазарниот инспекторат најави засилени инспекциски контроли на пазарот на ѓубрива
-

Одложено судењето за деветмината полицајци обвинети во врска со трагедијата во дискотеката Пулс
-

Обвинителство: Извршен увид на градилиштето во Кисела Вода, ќе се врши обдукција на починатиот работник
-

Растат цените на нафтата на светските берзи
-

Се проширува акцијата за нелегален увоз на филери и ботокси, приведени повеќе лица
-

Јаневска: Набргу ќе слушнеме уште една, многу покрупна неправилност од оваа, која ќе ја изненади целата македонска јавност
-

Три игри, три шанси за добивка - само со „Златна треска“ на Државна лотарија!
-

Еден загинат и тројца повредени градежни работници, биле затрупани со земја на градилиште во Скопје
