Заев: Поддршката на туризмот даде одлични резултати, годинава предвидени 31.000.000 денари
Премиерот Зоран Заев денеска на својата фејсбук страница напиша дека поддршката на домашниот туризам и ваучерите „Дома си е дома“ дадоа одлични резултати за домашните туристички капацитети.
-Податоците за Маврово – Ростуше (Националниот парк Маврово) за првите 10 месеци од 2020 година, и покрај затворањето во април, мај и дел од јуни кога не работеа сместувачките капацитети, покажуваат дека се остварени 22.453 ноќевања од страна на 11.098 туристи, а за истиот период во 2019 година имало 20.563 ноќевања и 10.394 туристи во сместувачките капацитети. Ова е раст од шест отсто за домашните туристи и од девет проценти за ноќевањата, во споредба со 2019 година. Во Берово имаме покачување од 29 отсто на домашните туристи, додека бројот на ноќевања е зголемен за 37 проценти во однос на истиот период 2019 година, наведува Заев.
Според него, отворањето на новата линија Киев – Скопје овозможи поголем број украински туристи во нашите зимски центри кои се полни до крајот на месецот, благодарение и на зелените коридори кои земјава ги воспостави со Србија и Албанија.
-Ова покажува дека имаме потенцијал за развој на еко-туризмот и руралниот туризам.
Во 2021 продолжуваме со интензивна поддршка преку Програмата за развој на туризмот во Македонија во 2021 година. Предвидени се 31.000.000 денари, истакнува премиерот и во продолжение го споделува линкот од владината програма во однос на поддршката.
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга