Обезбедени 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид-19, досега третирани 661 пациент

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19, од вкупно 729 донори. Со крвна плазма досега се третирани 661 пациент. Со ваквиот највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на тие кои во моментот се борат со коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.
– Да им помогнеме на лицата кои се борат со коронавирусот, да донираме конвалесцентна крвна плазма, апелираат од Институтот за трансфузиона медицина до сите оздравени пациенти кои имале Ковид-19. Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19.
Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од Ковид-19 и да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус. Институтот за трансфузиона медицина е достапен во секое време и сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина, да ја покажат својата хуманост и да помогнат во лекувањето на другите заболени со Ковид-19, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Македонските ракометари попладнево летаат за Силкеборг
-

До 13 часот излезеноста 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
-

Тошковски оддаде почит на полициските херои по повод 26 години од нивната смрт
-

Пронајдено починато бебе во дом во Шуто Оризари
-

Израелската полиција го приведе шефот на кабинетот на Нетанјаху
-

Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
-

Во 24 часа шест лица приведени за безобѕирно возење, едно лице предизвикало и сообраќајна несреќа
-

ЦУК: Поплавени површини, оштетени патишта и евакуации поради обилните врнежи
