Јапонскиот премиер истакна дека ќе продолжат подготовките за Олимписките игри во Токио

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга вети дека ќе продолжат подготовките за Олимписките игри во Токио ова лето, и покрај растечкото незадоволство во јавноста, додека земјата се бори со ширењето на пандемијата.
Минатата недела министерот за реформи и администрација Таро Коно рече дека ОИ не можат да се одржат според планот. Тој стана првиот член на кабинетот кој изрази сомнеж за настанот.
Претходно, истражувањата во медиумите покажаа дека според скоро 80 проценти од Јапонците, Олимписките игри, кои веќе се одложени за една година поради пандемијата, треба повторно да се одложат или целосно да се откажат.
– Ќе продолжиме со подготовките, решени сме да создадеме непробојни мерки за спречување на зараза и да одржиме настан што може да му даде надеж и храброст на светот, рече Суга во говорот пред собраниската седница.
Денешната изјава на јапонскиот премиер го повтори ветувањето на претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах дека Олимписките игри во Токио ќе бидат „светло на крајот од тунелот“ во борбата против коронавирусот.
Организаторите се соочуваат со значителни логистички проблеми и ќе мора да донесат тешки одлуки за тоа како да се прифатат гледачите и спортистите и истовремено да преземат мерки на претпазливост против коронавирусот. МОК очекува само 6.000 спортисти да учествуваат на церемонијата на отворање, наместо првично најавените 11.000 од 200 земји, објави весникот Јомиури. Церемонијата ќе биде ограничена, а спортистите ќе можат да пристигнат во Олимпиското село најдоцна пет дена пред натпревар и ќе треба да заминат во рок од два дена по завршувањето на натпреварите на кои ќе учествуваат.
Ново на Сител
-

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар
-

Савески: Одлуката за жалба за „Талир 2“ ќе биде донесена по анализа на пресудата, а Ленче Ристоска ќе постапуваше доколку не поднесеше оставка
-

Зголемен бројот на ученици и студенти сместени во домови и интернати
-

Жителка на неготинско Долни Дисан измамена за 49.087 денари
-

Мицкоски: Ги исполнуваме обврските од европската агенда, реформите продолжуваат и покрај блокадите на Изборниот законик
-

Кај кавадарчанец пронајдени и одземени 262 куршуми, 51 ловни патрони
-

За шест месеци на ГП „Блато“ кај Дебар минале над 778 илјади патници, што е историски рекордна фреквенција
-

Водата во Гостивар забранета за пиење
