Бизнис
15. January 2021 - 16:44

Работници од Штип примале плата од 2 денари

2 денари плата зеле работници во Штип во септемрви. Здружениет Гласен текстилец алармира дека се повеќе работодавачи исплаќаат плати пониски од минималецот кој изнесува 14.500 денари. Вакви случаи се евидентирани во повеќе градови во внатрешноста, УЈП не реагира што овие работници се оштетени.

Од управата за јавни приходи велат дека немаат надлежност да постапуваат во ваквите случаи. Во одговорот што го добивме стои дека за случаите за кои е евидентирана исплата на плата пониска од минималната, УЈП доставува податоци до Државниот инспекторат за труд заради натамошно постапување согласно законските надлежности.

Од Гласен текстилец пак велат дека за некои од случаите во кои постапил трудовиот инспекторат имало изготвено решенија за корекција на платата.