Македонија
13. January 2021 - 10:03

213 санкционирани возачи во Скопје, 32 без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 213 мерки, од кои 13 за управување со брзина поголема од дозволената, 32 мерки за возење без возачка дозвола, 22 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 3 санкции за управување под дејство на алкохол, 12 за користење на мобилен телефон и 4 мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).  
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Ново на Сител