Продажните цени на индустриските производи во ноември лани повисоки за 0,4 отсто на годишно ниво
Во ноември 2020 година продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се повисоки за 0,3 отсто на месечно ниво, а за 0,4 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
Во ноември 2020, во споредба со октомври 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,5 проценти, во Преработувачка индустрија за 0,3 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 1,1 процент.
Според ДЗС, во ноември 2020, во однос на ноември 2019, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3,1 процент, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4,4 проценти. Во секторот Преработувачка индустрија се непроменети.
Ново на Сител
-
Трамп разговараше со Зеленски веднаш по разговорот со Путин
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот
-
Руте: Путин знае дека ќе изгуби ако го нападне НАТО
-
Оружје пронајдено во напуштени магацински простории на подрачје на Гази Баба
-
Малолетник прободен со нож во автобус на ЈСП
-
87-годишна жена измамена за 6 илјади евра