Македонија
11. January 2021 - 16:56

Истражување на ИКС: Граѓаните немаат информации за квалитетот на водата која ја пијат, не се задоволни и од заштитата

57 проценти од граѓаните велат дека општините не ги информираат за тоа каква вода пијат. 94 проценти  од испитаниците, пак, сметаат дека надлежните треба постојано да вршат надзор на површинските и подземните води. Ова се резултатите од анкетата која ја спроведе Институтот за комуникациски студии за заштита на водата и инспекцискиот надзор врз искористувањето на природните ресури.

42 проценти од граѓаните одговориле дека тие самите  се најголеми загадувачи на водата. За 33 проценти од испитаниците, пак, главен виновник е преработувачка индустрија. само 10 отсто сметаат дека најмногу загадуваат рударските капацитети.

Анкетата е спроведена од 30 ноември до 6 декември минатата година врз 1100 испитаници постари од 18 години.