Од пожарот во „Глобал“ досега се исфрлени околу триста тони отпад
Екипи на ЈПКД „Комуналец“ денеска продолжија со расчистување на остатоците од големиот пожар во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица. Завчера и денеска до пладне се исфрлени околу триста тони најразличен отпад, најмногу од делот на Градскиот пазар каде изгореа голем број тезги и продавници.
Според Бранко Ѓоргиев од „Комуналец“, околу 60 отсто од вкупниот отпад и опожарен материјал веќе е исчистен.
-Денеска почнавме со расчистување и на остатоците од пожарот од првиот спрат, а претпладнето ги изнесовме остатоците од неопожарениот дел каде претежно имаше зеленчук и овошје, кои се неупотребливи. Работиме според планираната динамика и се надевам дека до средината на идната недела ќе завршиме со чистењето за да може да почне санирањето и изградба на деловите кои беа зафатени од пожарот, рече Ѓоргиев.
Во пожарот, кој избувна на 2 овој месец во 23:12 часот, опожарена е една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот, а урнат е и дел од покривот.
Ново на Сител
-
Учителка избодела до смрт осумгодишно девојче во Јужна Кореја
-
Американските тарифи за увоз на челик и алуминиум ќе бидат на сила од 12 март
-
Сиљановска-Давкова ќе се обрати на настанот „Глобален женски појадок 2025“
-
На владина седница извештајот за бојкотот на маркетите, можни мерки за цените
-
Без струја делови од Аеродром, Сарај и Чаир
-
Рестрикции на струја во Украина поради големи руски напади врз енергетскиот систем
-
Пентагон им забрани на трансродовите лица да се приклучат на војската
-
Трамп во интервју за Фокс њуз: Украина „Можеби некогаш ќе биде руска“