Пониква: Со автомобили возеле по ски-патеката и ја оштетиле
Несовесни граѓани со автомобили во текот на ноќта возеле по ски-патеката број 1 на Пониква и ја онеспособиле за скијање.
Вработените во фирмата концесионер „Еуроком“ од Кочани забележале дека снежниот слој со дебелина од дваесетина сантиметри е оштетен и раскопан од автомобилските гуми, чии траги беа видливи рано изутрината.– Снегот што падна во текот на изминатите неколку денови ни овозможи одлично да ги подготвиме патеките за скијање, со оглед што за продолжениот празничен викенд очекуваме зголемено присуство на гости. Сепак, нечие несовесно однесување и возење по снежната патека, без разлика дали е намерно или е резултат на нешто друго, често ни создава вакви проблеми. Бараме надлежните да поведат поголема контрола и да го санкционираат таквото дивеење, истакна Благој Манев, управител на фирмата „Еуроком“.
Инаку, пред почетокот на оваа скијачка сезона двата ски-лифта на Пониква беа целосно реконструирани за што беа обезбедени 4,8 милиони денари од Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерството за локална самоуправа и од буџетот на Општина Кочани.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
