Најмалку 41 повреден во земјотрес во централна Азија

Најмалку 41 лице се повредени во силен земјотрес со интензитет од над шест степени според Рихтеровата скала, што денеска ги погоди регионите околу границите меѓу Пакистан, Авганистан и Таџикистан.
Пакистанските власти информираа дека потресот бил со јачина од 6,9 степени според Рихтер, со епицентар на територијата на Таџикистан, во близина на авганистанската граница.
Меѓутоа, според Американскиот геофизички институт, земјотресот бил со интензитет од 6,2 степени и со епицентар во областа Хиндукуш во Авганистан.
Потресот предизвикал најсериозни материјални штети во реонот на пакистанскиот град Пешевар.
Како што јави ДПА, медицински извори од Пешевар информирале дека во градските болници биле примени најмалку 41 лице, кои се здобиле со повреди при уривање на делови од куќи или ѕидови.
Земјотресот бил почувствуван и во повеќе делови од Авганистан, вклучително и во главниот град Кабул, во Таџикистан, како и во северните региони на Индија.
Кон крајот на октомври пограничниот регион меѓу Авганистан и Пакистан го погоди земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтер, при што загинаа најмалку 400 лица.
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
