Кинеска државјанка осудена на четири години затвор поради известување за вирусот
Кинеската државјанка Жанг Жан е осудена на четири години затвор за известување во живо од Вухан кога избувна епидемијата, изјави нејзиниот адвокат денеска, скоро една година откако се појавија детали за „непозната вирусна пневмонија“ во тој град во централна Кина.
Жанг, поранешна адвокатка, беше осудена на кратко судско рочиште во Шангај за наводно „предизвикување расправии и проблеми“ со известување во хаотичната прва фаза на епидемијата.
Нејзините извештаи во живо во февруари беа широко споделенувани на платформите на социјалните мрежи, привлекувајќи го вниманието на властите кои казнија осум „свиркачи“ кои го критикуваа одговорот на Владата на епидемијата.
Како што пренесуваат странските агенции, Пекинг си го честиташе својот „извонреден“ успех во контролирањето на вирусот во рамките на своите граници, со економија во подем, додека поголемиот дел од светот наметна блокади и се соочи со голем заразени во текот на целата година од почетокот на пандемијата во Вухан.
Судењето се случи неколку недели пред меѓународниот тим експерти од Светската здравствена организација да пристигне во Кина за да го испита потеклото на Ковид-19.
Жанг беше критична кон одговорот на властите на почетокот на епидемијата во Вухан, објавувајќи текст во февруари во кој напиша дека Владата „не им давала на луѓето доволно информации, а потоа едноставно го затворила градот“.
„Тоа е сериозно кршење на човековите права“, напиша таа.
Судот соопшти дека таа ширела „лажни коментари“ на Интернет.
Таа започна штрајк со глад во јуни, поради што здравствената состојба и е нарушена и се храни преку носна цевка.
Ново на Сител
-
Манолева: Договорени се алтернативнин решенија за хируршките сали
-
ЦУК: Нестабилност со пороен дожд и грмежи подолго време се задржува околу Кавадарци, Неготинио и Демир Капија
-
Димитровска: По верификација на мандатот именуваните и избраните лица треба да се откажат од сите претходни функции
-
Кое е вашето емотивно наследство? | Марина Анчевска | Личен развој | Sitel Podcast 040
-
Македонските кикбоксери од Балканско со 9 златни, 12 сребрени и 11 бронзени медали
-
Најтопло во Велес, Гевгелија, Кавадарци - 34 степени, до крајот на денот локална појава на пороен дожд и грмежи
-
Пред Ајфеловата кула оставени ковчези оставени со натпис – француски војници од Украина, приведени три лица
-
Повеќе загинати и повредени во пожар во руска нафтена рафинерија