СЈО ги очекува материјалите и бара активна соработка од сите субјекти

Специјалното јавно обвинителство очекува да му бидат предадени материјалите што ги бара, и сите субјекти да започнат активно да соработуваат со нив.
- Соработката со субјектите до кои се обраќаме, без оглед за кого станува збор е отежната и во оваа насока наш конкретен став за ваквата отежната соработка и мерките кои ќе бидат преземени од наша страна, ќе биде соопштен во средината на јануари, информираат во денешното соопштение од СЈО.
Во изминатиот период, како што наведуваат од СЈО, особен интерес беше изразен за постапувањето по однос на бараните материјали од СДСМ. - Повторно укажуваме дека ние очекуваме материјалите да ни бидат предадени и сите субјекти да започнат активно да соработуваат со ова Јавно обвинителство, се вели во соопштението.
Сепак, како што посочуваат, и покрај ваквата состојба на отежната соработка, во СЈО во тек се повеќе предистражни постапки по предметите за кои е воспоставена стварна надлежност и постои извесен напредок во истите, но, како што додаваат, во овој момент не се во можност да соопштат детали, а сето во интерес на истрагата.
- Апелираме до сите субјекти да се воздржат од етикетирање на ова Јавно обвинителство и негово ставање во функција на реализација на различни политички и други цели, бидејќи најважно во овој момент е спроведување на независни и професионални истраги, во рамки на кои доследно ќе се почитуваат начелата на тајност на предистражната постапка, објективност и легалитет во постапувањето, наведуваат во соопштението од СЈО.
Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите информира дека се спроведени тендерски постапки и во тек е преземањето на градежни активности со цел адаптација на просториите каде ова Јавно обвинителство треба да биде сместено.
- Во тек е постапка за добивање на безбедносни сертификати за јавните обвинители, при што на дел од обвинителите веќе им се издадени сертификати за работа со класифицирани информации со степен на класификација „Државна тајна“, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-

Шест волови од кривопаланечко залутале во Бугарија, за нивната судбина ќе одлучуваат бугарските институции
-

Половината ваучери за инвертер клими веќе подигнати, рокот истекува на 17 април
-

Без вода корисниците на потегот од фонтаната во Градски Парк до Влада
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026
-

Најстудено на Попова Шапка, -3 степени и 53 сантиметри снег
-

Уапсен 21-годишен скопјанец, при претрес пронајдени се 19 паковки со кокаин
-

Трамп: Иран сака договор, но се плаши од сопствениот народ тоа да го признае
-

Вчеравечер почувствуван земјотрес од 5 степени по Рихтер во југоисточните делови на Македонија
