Македонија
20. December 2020 - 16:37

Преспанското Eзеро на апсолутен минимум

Нивото на Преспанското Езеро е на кота од 842,30 м нм, претставува апсолутно измерен минимум, според последниот Извештај и анализа за состојбите на езерото. Покрај другите фактори, кон ваквата состојба на езерото придонесува и сушната година, повеќе од 100 дена нема дожд во преспанскиот регион.

- Во моментот состојбата е алармантна особено на водостојот на вдиѕте во Преспанското Езеро, последните наши информации се дека водостојот е минус 530 сантиметри од нултата квота. Состојбата се должи на многу фактори, антропогони влијанија едно, второ климатските промени, истекувањето и особено неодржливото управување со водите во сливното подрачје, но и подземните во регионот на Преспа, изјави Ајман ал Малла, раководител за животна средина во Општина Ресен.

Жителите на Преспа не паметат вакво намалување на водата во езерото. Според нив, ако продолжи вака нема да има доволно количини вода на долг рок за производството на храна, но и за опстанок.

-Езерото се повлече, тешко ми е да одам на плажа, многу е повлечено, можеби два километра, вели Насер Љумани, жител на Преспа.

-Над 80% се пресушени на Галичица, а има пресушување или намалување и на изворите на Баба, ова не го паметат ни најстарите жители, сето ова се дожи на сушниот период, изјави Љубе Пампулевски, жител на Преспа.

Експертската работна група изработи Акционен план кој содржи сет мерки со временска рамка и финансиска конструкција и кој е поднесен во Владата.

-Се очекува дека навистина барем дел од поитните мерки и активности, во почетокот на 2021 да почнат да се реализираат, изјави Ал Малла.

Ал Малла вели дека преку граничното управување е предизвик и зависи од сите три држави, Македонија, Грција и Албанија и затоа е побарано рестартирање на Комитетот за управување со Преспа паркот, а со стабилизирање на состојбата со Ковид 19 очекуваат дека првиот состанок ќе се одржи на почетокот на наредната година.