-->
-->
Ќе има ли распродажба во Лестер?!
-->
Еден од најдобрите играчи на Лестер, Ријад Марез, ќе биде мета на многу клубови во зимскиот преоден рок, а според шпанските медиуми во трката за негвиот потпис ќе се вклучи и Реал Мадрид.
„Mundo Deportivo“, наведува дека Реал го сака Марез како замена за Хесе Родригез кој според најавите ќе го напушти клубот во јануарскиот преоден рок.
Сепак Алжирецот кој од поечтокот на сезоната има постигнато 13 голови, нема намера да ја прифати евентуалната понуда на Реал.
„Навреда е да седам на клупата на Реал Мадрид“, наводно им изјавил Марез на англиските медиуми.
Инаку, се шпекулира дека најконретната понуда за Алжирецот ќе ја испрати Манчестер Јунајтед, иако од неговиот клуб Лестер се децидни дека Марез и неговиот партнер од нападот Џејми Варди ќе останат во клубот до крајот на сезоната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг