33-годишникот кој почина од Ковид-19 бил со прекумерна тежина и имал тешка пневмонија
Пациентот кој на триесет и тригодишна возраст почина поради компликации со коронавирусот во ГОБ „8 Септември“, бил со прекумерна телесна тежина, а вирусот направил тешка билатерална пневмонија, информираат од Министерството за здравство.
Тој бил хоспитализиран на почетокот од месецот, во болница се лекувал 2 недели, од самиот прием бил со ниска сатурација и цело време на неинванзивна механичка вентилација.
„Покрај сета друга терапија, пациентот примил и конвалесцентна плазма и озон, но и покрај сите напори на лекарите да му го спасат животот, тој вчеравечер починал“, велат од Министерството.
Тој е еден од починатите 29 лица што се во денешната статистика на Министерството за здравство.
Починати се дванаесет пациенти од Скопје (72, 75, 80, 70, 84, 54, 64, 33, 78,78,48 и 64), двајца пациенти од Куманово (63 и 82), тројца од Прилеп (76, 67 и 87), двајца од Тетово (65 и 72), пациент од Струга (81), двајца од Велес (77 и 80), двајца пациенти од Битола (64 и 65), двајца од Гостивар (63 и 74), пациент од Валандово (83) и двајца од Кичево (78 и 73).
Вкупната бројка на починати лица во земјата како последица на Ковид-19 изнесува 2.254.
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Зеленски: Ќе ја пропуштите шансата за мир ако не дејствувате
-

Рубио и Мерц разговараа за глобалните предизвици, војната во Украина и зајакнување на партнерството меѓу САД и Европа
-

Мицкоски: Заедничката изјава со Белата куќа за Договорот за трговија со САД е историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради Задушница
-

Германски авиони ќе учествуваат во мисијата на НАТО „Арктичка стража“
-

Кос: ЕУ би можела да одбие Србија да има пристап до средства од пакетот од 1,6 милијарди евра
-

Апел за донации: Потребна е итна помош за лекувањето на осумгодишната Ана
-

Одбраната ја оспорува темелноста на вештачењето за „Онкологија“, судењето продолжува на 4 март
