Приведена жената која му го оштетила возилото на Артан Груби

Пред Собранието, вчера околу 12 часот, 38-годишна жена го искршила ветробранското стакло на службениот автомобил во кој се вози првиот потпрeтседател на Владата, Артан Груби. Според Министерството за внатрешни работи, станува збор за 38-годишната В.Ј. која веднаш по инцидентот била приведена.
Груби изјави дека тој не е повреден бидејќи во тоа време присуствувал на собраниската седница, а за жената вели дека не ја познава.
-Точно е. Возилото е искршено од страна на В.Ј. пред главниот влез на Собранието додека јас бев на пленарна седница за Законот за распределување на административците од К5 pрограмата. Не сме повремени ниту јас ниту некој од мојата придружба. Не ја познавам личноста, ниту ги знам причините за нападот и очекувам МВР да го разјасни случајот“, изјави Груби.
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
