Во Вашингтон судир меѓу приврзаниците на Трамп и на АНТИФА

Неколку лица се повредени, а повеќе од 20 уапсени во новиот судир меѓу приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп и АНТИФА на демонстрациите што се одржаа синоќа во Вашингтон.
Според американските медиуми, на насилните демонстрации учествувале повеќе од 200 членови на насилната, десничарска група „Горди момчиња“ (Proud Boys) кои се приклучија на приврзаниците на Доналд Трамп и извикувајќи пароли против Антифа, приврзаниците на новоизбраниот претседател Џо Бајден и движењето „Црните животи се важни“ (Black Lives Matter).
Судирот меѓу двете групи ескалираше синоќа, кога приврзаниците на двете групи сретнаа во еден дел од Вашингтон. Иако полицијата употреби солзавец, приврзаниците на обете групи ги продолжија судирите што се проширија низ улиците на Вашингтон.
Според последните информации објавени од полицијата во Вашингтон, неколку лица биле прободени со нож за време на демонстрациите, а повеќе од 20 лица биле уапсени.
Покрај Вашингтон, приврзаниците на Трамп организираа демонстрации низ САД, пред се во Џорџија, Невада, Аризона, Мичиген и Висконсин.
Иако сите американски држави ја прогласија победата на Џо Бајден на претседателските избори, Доналд Трамп сè уште не е помирен со поразот, ниту неговите приврзаници, кои најавија нови протести во Вашингтон и други градови во наредните денови. Тие сметаат дека имало масовна изборна измама на изборите во САД, иако за таквите тврдења не доставија докази, а сите обиди да ги оспорат изборите на суд им пропаднаа.
Ново на Сител
-

Груевска Илиевска: Без ред нема судење, сите обвинети имаат право на бранители
-

Утре слаби врнежи од дожд во пониските места, снег на планините
-

Вучиќ: Оваа година одиме на избори
-

Акциска контрола во Скопје: Констатирани 37 сообраќајни прекршоци, одземен е еден мотоцикл
-

Момче починало во кавадаречко Возарци, телото на обдукција
-

Наунов: Го почитуваме значењето на адвокатурата, затоа очекуваме професионалност и почит кон болката и траумата на семејствата
-

Зголемено нивото на повеќе реки
-

Стопанска комора: Блокадите на граничните премини не се решение, ќе го нарушат протокот на стоки и снабдувањето

