Документарен филм на битолчанка се емитува во САД
Трауматската мозочна повреда може да му се случи секому и секаде и затоа мора што повеќе да се подигне свеста по тоа прашање. Токму тоа е целта на документарниот филм „Сoвладување“ на Катерина Дејкоска, кој се прикажува низ сите рехабилитациски центри ширум САД, вклучувајќи го најголемиот Сполдинг во Бостон, но и на Универзитетот Харвард. Дејкоска е продуцент и режисер и 15 години студираше и работеше во САД, а документарецот е нејзиниот докторски труд на Колеџот Емерсон во Бостон. Заради состојбата со Ковид-19, моментално живее во Битола.
-Покрај документарецот се и 31 кратко видео кои што заедно се преведени на француски, италијански, германски, шпански, полски и се разбира на македонски јазик. Во документарниот велам дека треба одлучност да се бара решение, упорност додека се најде решение и трпение додека решението не биде најдено, истакна Катерина Дејкоска, режисер и продуцент.
Филмот има голема повратна реакција од лицата со повреди, но и од сите други заради силната порака која ја испраќа – дека секогаш постои надеж.
-Многу се импресионирани од информациите што им ги дава документарниот и од надежта што им ја влева и е основна цел на филмот, затоа што не е само наменет за оние со трауматска мозочна повреда, но е наменет и за сите оние што се посочуваат со некакви потешкотии и проблеми. Документарниот влева надеж дека решението ќе биде најдено, треба да се бара и никогаш да не се предава, вели Дејкоска.
Во Македонија се уште не е прикажан документарецот иако го понудила. Се надева дека ќе се пројави интерес затоа што ќе им помогне на сите оние кои се соочуваат со некаков проблем.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
