22 годишна трудница почина од Ковид-19
Денешната статистика на Ковид-19 во земјава брои 929 новозаразени и 28 починати лица.
Починатите пациенти се петмина од Скопје (58, 75, 67, 78 и 22г), еден од Куманово (69г), еден од Дебар (66г), шест пациенти од Прилеп (70, 77, 53, 56, 69 и 82г), двајца од Струга (59 и 69г), еден од Велес (66г), тројца од Битола (76, 69 и 61г), еден од Кавадарци (57г), еден од Гостивар (83г), еден од Радовиш (80г), еден од Крушево (64г), еден од Кочани (65г), еден од Пробиштип (78г), двајца пациенти од Кратово (76 и 76г) и еден пациент од Кичево (80г). Од нив, двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
22-годишна бремена девојка од Скопје ја загуби битката со Ковид-19. Најмладата жртва на вирусот според неофицијални информации немала регистрирани коморбидитети. Била хоспитализирана на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје поради компликации во бременоста во тешка состојба со позитивен ковид тест. Три дена подоцна на 26ти ноември во критична состојба била префрлена во ГОБ „8ми Септември“. Целото време била поставена на респиратор. Здравствените власти велат дека биле преземени сите мерки на интензивно лекување, но сепак девојката вчера починала.
Оваа 22-годишна скопјанка е шестата трудница почината од Ковид-19 во земјава.
Ново на Сител
-

Пиштол пронајден кај 15-годишен ученик во средно училиште во Тетово
-

Мицкоски: Новиот Законот за јавни набавки става крај на манипулациите и свесното уривање и одолговлекување на тендерските процедури
-

Мицкоски: Од длабок минус дојдовме до точка нула - од сега очекувам само раст и поинтензивен развој
-

Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на Украина од Донбас во замена за членство во НАТО
-

Николоски: Се повеќе патници на аеродромите во Скопје и Охрид, ги срушивме сите рекорди како резултат на паметните политики
-

Неуспешен тест на „СпејсЕкс“ со ракетата „Старшип“, првиот сегмент на ракетата заврши во морето
-

АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва
-

Николоски: Делницата Извор-Врбјани наскоро во функција, автопатот Кичево-Охрид до мај целосно завршен
