Адвокатот на Трамп ја напушти болницата за само 4 дена - добил „чудесен “ третман против Ковид-19
Руди Џулијани, личниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, денеска изјави дека добил „чудесен“ третман за коронавирусот што му овозможи да ја напушти болницата по само четири дена, јави ДПА.
„Мојот третман од страна на медицинските сестри и персоналот во болницата „Џорџтаун Мед Стар“ беше чудесен. Таму влегов со сериозни симптоми, а излегов подобро од кога и да било порано“, соопшти Џулијани на Твитер.
Германската агенција наведува дека Џулијани, како што самиот изјавил за едно радио, добил експериментална терапија со антитела и лекови за ремедисивир, односно истиот коктел што го добил и Трамп за време на неговото лекување од коронавирусот, во октомври.
Поранешниот градоначалник на Њујорк, кој ги водеше правните постапки на претседателот за поништување на резултатот од претседателските избори во ноември, изјави дека неговиот статус на „славна личност“ резултирал во подобра грижа.
Трамп во неделата соопшти дека Џулијани е позитивен на коронавирус.
Џулијани (76) е последниот од најблискиот круг на луѓе околу Трамп кој може да се пофали со експерименталниот третман за коронавирус, што е недостапен за огромното мнозинство Американци. Истата грижа ја добија и секретарот за домување Бен Карсон и поранешниот гувернер на Џу Џерси, Крис Кристи.
САД, во меѓувреме, се борат со рекордни бројки на новозаразени со коронавирус, хоспитализации и смртни случаи, оптоварувајќи го здравствениот систем низ целата земја.
САД, додава ДПА, вчера регистрираа повеќе од 3.000 смртни случаи поврзани со коронавирусот, што е највисока вкупна бројка во еден ден досега.
Ново на Сител
-
Ристовски: Министерството за спорт не е организатор на ЕМОФ 2025, но правиме сѐ што е во наша моќ за да помогнеме
-
Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес
-
Сончево и топло со температура до 43 степени Целзиусови
-
Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода на пожарот на планината Плачковица | ВИДЕО
-
Хуманитарната катастрофа во Газа мора веднаш да престане, велат Париз, Лондон и Берлин
-
Најмалку 25 лица загинаа, а 280.000 останаа без покрив над главата од почетокот на обилните дождови на Филипините
-
Министерот Тошковски во посета на џудо тренинг сесија на полициските специјалци во Центарот за обука во Идризово
-
Трамп вели дека договорот со ЕУ има 50 отсто шанси, а договорот со Канада можеби нема да се случи