Универзитетот во Битола нема капацитет за средствата од еразмус плус програмата
Мора да се подигнат капацитетите на универзитетот за да може што повеќе да се искористат средствата од новата Еразмус плус програма 2021-2027 кои овој пат се за три пати зголемени, вели проректорот на битолскиот универзитет и координатор на Еразмус, проф. д-р Марјан Ѓуровски. Но потенцира дека за интернационализација на универзитетите е потребна и финансиска инјекција од државата.
-Имајќи предвид дека рангирањето на останатите универзитети од регионот високо на Шангајската листа е резултат и на високото поголемо финансирање од државата и од буџетот во научно-истражувачките проекти од национален аспект. За жал, едноцифрена е бројката во која државата учествува во финансирањето на македонската наука и оттука преку ноќ не може да се очекува значајна интернационализација и високо рангирање на македонските универзитети, тоа е проект на кој треба заеднички да работат и владата и универзитетите и бизнис заедницата, изјави Проф. Д-Р Марјан Ѓуровски, проректор и координатор на еразмус на УКЛО.
Од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност се надеваат на поголема координираност со универзитетот.
-За да може и Универзитетот „Свети Климент Охридски“ да прерасне во институција која ќе може да се пофали со своите мобилности и искуствата кои ќе ги донесат од соседните и земјите на Европа, за да можат да прераснат во луѓе кое ќе и имаат искуство од мобилностите, изјави Марко Ѓоргиевски, директор на националната агенција.
-За жал, живееме скоро една година во пандемија и запреа тие активности. Ќе има мала промена во наредниот период, но не радикална. Затоа што основната цел на Еразмус е не само да ги сподели образовните искуства, туку, културните, социјалните и сите други искуства со своите врсници, изјави Проф. Д-Р Сашо Коруновски, ректор на УКЛО.
Со цел подобро да се запознаат со новостите на програмата, се одржа Хибриден Еразмус форум на кој учествуваа еразмус координаторите и претседателите на студентските собранија на единиците на битолскиот универзитет.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
